
„Burberry“ со посебно внимание направи нешто многу интересно за мажите со стил…


„Burberry“ со посебно внимание направи нешто многу интересно за мажите со стил…
Со новата колекција на чадори од „Burberry“, кои претставуваат едноставен но и практичен аксесоар, навистина е лесно да изгледате модерно. Лимитираната колекција на чадори е во состав со колекцијата за зима 2012/2013 година. Рачката од чадорот е стилизирана во облик на животинска глава, од овен, був, патка, куче, фазан.

Овие чадори се произведуваат исклучиво во Италија, а ги изработуваат италијанските мајстори на дрвениот занает, изработени се од јавор и смола, со примеси на злато.

Цената на овие луксузни парчина е 1,300 долари, а тие можат да се најдат на „Burberry“ онлајн продавницата. „Burberry“ на одличен начин успеа да направи комбинација од традиционалниот шарм и лов темата со модерен дизајн.