6 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАНови 672 случаи на коронавирус, пет лица починаа

Нови 672 случаи на коронавирус, пет лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 672 нови случаи на коронавирус, а пет лица починаа, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 6.770 тестирања. Најголем број нови случаи има во Скопје – 230, Тетово – 115 и Гостивар – 101.

Во Куманово – 43, Кичево – 37, Струмица – 36, Охрид – 20, Струга – 13, Битола и Дебар – по 9, Штип – 8, Кавадарци и Кочани – по 7, Велес и Ресен – по 6, Прилеп – 5, Македонски Брод – 4, Радовиш, Виница и Валандово – по 3, Берово и Пехчево – по 2, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 1.

Регистрирани сe 35 оздравени пациенти од: Скопје – 12, Гостивар – 9, Битола и Кичево – по 3, Прилеп и Струмица – по 2,Куманово, Штип ,Кочани и Свети Николе – по 1.

Пријавени се 5 починати лица: по 2 починати лица одТетово (48г и 66г) и Гостивар (59г и 85г), по едно починато лице од Виница (62г) Сите починати лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.046.042 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 160.571 бројката на оздравени пациенти е 150.670, на починати е 5.532, а бројот на активни случаи изнесува 4.369.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП