Градот Скопје ги информира граѓаните дека викендов, 14 и 15 август, во раните утрински часови, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска дезинсекција против комарци.
Терестричната дезинсекција против комарци, пак, ќе се одвива од 16 август, понеделник, до 20 август, петок, во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден.

