25 април, 2024
ПочетнаКОРОНАНови 588 случаи на коронавирус, починаа осум лица

Нови 588 случаи на коронавирус, починаа осум лица

Во последните 24  часа во Македонија од коронавирус починаа осум лица, а потврдени се 588 нови случаи, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 5.780 тестирања. Најголем број нови случаи има во Скопје – 230, Тетово – 101 и Гостивар – 82.

Во Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, Радовиш и Берово – по 5, Велес и Валандово – по 4, Штип и Виница – по 3, Ресен и Македонски Брод – по 2, Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 26 оздравени пациенти.

Пријавени се осум починати лица: по две лица од Тетово (66г и 72г) и Гостивар (67г и 72г), по едно лице од Скопје (65г), Прилеп (51г), Кичево (74г) и Велес (65г). Од починатите лица само едно лице е починато во домашни, а останатите седум лица во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.033.882 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 бројката на оздравени пациенти е 150.613, на починати е 5.521, а бројот на активни случаи изнесува 3.135.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП