27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома ќе плати 40 милиони евра за Абрахам

Рома ќе плати 40 милиони евра за Абрахам

Рома и Челси го договориле трансферот на Тами Абрахам, тврди „Скај спорт“. Ова е домино ефект по заминувањето на Ромелу Лукаку од Интер на „Стенфорд Бриџ“. Еден Џеко од Рома заминува во Интер на местото на Лукаку, поради што Рома реши да го ангажира 23-годишниот напаѓач.

Клубовите го договориле обесштетувањето, Челси од трансферот ќе добие 40 милиони евра. Напаѓачот, преку неговиот менаџер, сега треба да се договори за платата, за да го потпише договорот.

Абрахам, минатата сезона постигна 12 голови за Челси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП