Во текот на изминатиот ден, во период од 10:00 до 21:45 часот во БППЗ-Скопје на бројот 193 биле примени 29 пријави за пожари на територија на Град Скопје.
„Од нив 22 пожари се со интервенција и нивно гаснење и локализирање навремено, меѓу кои и фабриката ОХИС каде се употребија повеќе возила и пожарникари. Седум пријави за пожар беа лажни. Меѓу другото се уште имаме екипи од БППЗ-Скопје во Пехчево-Берово, велат во соопштението од скопската противпожарна единица.

