24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАСе бара прогласување на кризна состојба на целата територија на државата

Се бара прогласување на кризна состојба на целата територија на државата

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека дека Групата за процена попладнево одржала седница на која поради зголемениот обем на пожарите, зголемениот ризик за граѓаните и неколку други причини, донела едногласна одлука да му предложи на Управувачкиот комитет да ѝ предложи на Владата да донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена.

„Управувачкиот комитет на седница која ја одржа предмалку го прифати предлогот на Групата за процена и ѝ предлага на Владата на РС Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија во траење од 30 дена“, посочи Ангелов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП