6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАCheapcast ги претвора Android уредите во Chromecast

Cheapcast ги претвора Android уредите во Chromecast

chromcasst

„Chromecast“ доби одлични оценки од страна на критичарите, меѓутоа што ако не успеете да дојдете до свој примерок?

Доколку имате „Android 2.2“ или понова верзија сега можете на вашиот уред да му дадете исти функции како „Chromecast“ и тоа благодарејќи на новата апликација.

Апликацијата „Cheapcast“ е дизајнирана да го имитира уредот на „Google“ кој на таблетите или на паметните телефони им дава можност да стримуваат содржини на други уреди кои се наоѓаат на иста „WiFi“ мрежа.

Доколку уредот кој прима содржина има мал екран можете да го приклучите на телевизор без „WiFi“ и тоа со помош на „HDMI“ кабел.

Страницата на „Google Play“ ги предупредува корисниците на оваа апликација дека таа е во почетна фаза на развој и дека се можни одредени проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП