5 мај, 2025
ПочетнаКОРОНАНови 72 случаи на коронавирус, нема починати

Нови 72 случаи на коронавирус, нема починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 72 нови случаи на коронавирус, нема починати, соопшти Министерството за здравство.

Направени е 5.759 тестирања, а најголем број нови случаи се регистрирани во Скопје – 20, Куманово – 14 и Тетово – 10.

Во Гостивар – 9, Битола – 7, Струмица – 5, Охрид – 3, Кавадарци, Струга, Кичево и Берово – по 1
Регистрирани сe 9 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово и Штип – по 2, Струмица и Кочани – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 982.469 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.452 бројката на оздравени пациенти е 150.371, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 588.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП