19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка АД Скопје со рекордна добивка за периодот јануари - јуни...

НЛБ Банка АД Скопје со рекордна добивка за периодот јануари – јуни 2021

Во периодот од 01.01.2021 до 30.06.2021 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, прилагодувајќи го работењето на изменетите пазарни услови поради пролонгираната пандемија од КОВИД-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија, иако во вториот квартал од годината беа направени делумни олабавувања на рестриктивните мерките. Во такви услови, целта на Банката, како една од водечките финансиски институции, е да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди и да обезбеди финансиска поддршка на клиентите.

И во првата половина од 2021 година, Банката продолжи да остварува позитивни резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со продукти и платни сервиси. Во овој период, Банката се насочи кон имплементација на стратешките иницијативи во инвестиции во дигитализација и нови технологии, со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како поедноставни, поевтини и побезбедни начини на извршување на банкарските трансакции.

Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2021 година се пониски за 0,3% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 2,9%, главно поради пониски каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица и население, додека расходите по камати се пониски за 20,4% главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување

Нето приходите од провизии се повисоки за 15,4% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 24,5% како резултат од зголемени приходи од ПОС терминали, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и повисоки приходи од трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 40,9%, главно поради повисоки расходи за картично работење и повисоки расходи за кеш центар.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 672.737 илјади МКД и се повеќекратно зголемени во однос на истиот период претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население како и поради зголемени приходи од курсни разлики.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 2.714.368 илјади МКД и се повисоки за 24,1% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.022.316 илјади МКД и се зголемени за 9,6% при што трошоците за вработени се повисоки за 4,5%, трошоците за амортизација се повисоки за 13,5%, останатите расходи од дејност се повисоки за 14,0% во однос на истиот период претходната година.

Заклучно со 30.06.2021, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 435.358 илјади МКД или 4,1% помалку во однос на истиот период претходната година соодветно на структурата и квалитетот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 1.472 илјади МКД.

Бруто добивката на Банката заклучно со 30.06.2021 година изнесува 1.255.222 илјади МКД и е зголемена за 60,2% во однос на истиот период претходна година.

Нето добивката на Банката заклучно со 30.06.2021 година изнесува 1.129.700 илјади МКД и е зголемена за 60,2% во однос на истиот период претходна година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП