29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва се најчестите симптоми на корона кај оние кои биле вакцинирани, а...

Ова се најчестите симптоми на корона кај оние кои биле вакцинирани, а потоа се заразиле

Губењето на мирисот и вкусот првично беше еден од најчестите симптоми на „Ковид-19“ и главен показател за болеста, а сега е само деветтиот најчест симптом.

Покрај тоа, симптомите се разликуваат и кај луѓе кои примиле само една доза од вакцината и кај оние кои ги примиле двете дози и се заразиле, покажа новата студија од Велика Британија.

Според студијата, најчестите симптоми кај невакцинирани лица вклучуваат главоболка, грло, течење на носот, треска и постојана кашлица.

Симптомите кои се јавуваат кај луѓе кои примиле само една доза на вакцина се слични на оние што се јавуваат кај оние кои не биле вакцинирани.

Овие вклучуваат главоболка, течење на носот, воспалено грло, кивање и кашлање. Авторите на студијата објаснуваат дека кашлицата која не поминува сега е меѓу петте најчести симптоми, но дека кивањето и течењето на носот се јавуваат во поголема мера, иако претходно се сметаше дека овие симптоми не се поврзани со инфекцијата.

Симптомите кои се јавуваат кај луѓе кои примиле две дози од вакцината вклучуваат главоболка, течење на носот, кивање, болки во грлото и губење на мирис.

Луѓето кои се заразиле по две дози посочуваат дека нивните симптоми траеле значително пократко, што сугерира дека имале поблага форма на болеста, пренесува IFL Science.

Истражувачите велат дека на промената на симптомите може да влијае фактот што вирусот се менува, но и фактот дека сега се заразуваат други демографски групи, пред се помладите луѓе кои обично имаат поблаги симптоми на болеста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП