6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКупувајте кинески производи, Xiaomi владее на домашниот пазар

Купувајте кинески производи, Xiaomi владее на домашниот пазар

xiaomi-mi-21

Трендот на водечките производители на паметни телефони да погледнуваат се почесто кон евтините модели не е случајна, поради тоа што токму такви се бараат на пазарите. Во оваа насока не е изненадувачки дека најчестиот телефон во Кина во првото полугодие е на локалниот производител – „Xiaomi“.

Култниот модел на компанијата е „Mi 2S“ и е понапред во продажба од моделот на „Samsung S 4“. Моделот „Mi 2S“ е успешниот наследник на претходниот модел на „Xiaomi – Mi 2“ од кој беа продадени 7.19 милиони единици во текот на изминатата година.

Овој паметен телефон е пуштен во продажба во април и досега биле продадени 7.03 милиони примероци. Од компанијата најавуваат дека прогнозите за очекуваната продажба е во износ од 20 милиони телефони за оваа година.

Тестовите покажуваат дека по перформанси модел „MI 2“ е речиси ист со „S4“ и е подобар од „HTC One“. Во однос на неговата цена, тој нема конкуренција затоа што чини само 277 долари, што е за половина во споредба со 600-те долари за „S 4“. За споредба, стариот модел чинел 326 долари во изминатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП