18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолема промена на врвот: Apple веќе не е на 2-то место во...

Голема промена на врвот: Apple веќе не е на 2-то место во светот на производителите на паметни телефони

Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi го престигна Apple во вториот квартал од оваа година и за прв пат се рангираше на 2-то место меѓу светските производители, додека Samsung остана прв a Apple падна на третото, соопшти во четвртокот глобалната фирма за истражување Canalys.

Xiaomi го зазеде второто место во светот со 17% удел во глобалната испорака на паметни телефони во вториот квартал од оваа година, што е за 3% повеќе во однос на претходниот квартал, и за дури 83% повеќе на годишно ниво.

Во светски рамки, вкупната испорака на паметни телефони се зголеми во вториот квартал на 2021 година, за 12 проценти во споредба со истиот период во 2020 година, што истражувачите исто така го поврзуваат со проширувањето на вакцинацијата за ковид-19 и, како што коментираат, „почетокот на обликувањето на нов стандард за економиите и граѓаните“.

Во оваа ситуација, Самсунг ја задржа лидерската позиција во светот, со удел од 19 проценти во глобалните пратки на паметни телефони, што е исто така зголемување за 15 проценти на годишно ниво, додека Епл е на третото место со учество на пратки од 14 проценти, што е зголемување од 1 процент.

Според „Каналис“, производителите на паметни телефони „Виво“ и „Опо“ одржуваа силен интензитет на раст и останаа меѓу првите пет во светот, со удели во испораки на телефони во вториот квартал од оваа година од 10 проценти, што за нив претставува годишен раст од околу 27 проценти.

Истражувачот на Canalys, Бен Стентон, го објасни растот на Xiaomi со фактот дека компанијата забрзано развива деловни активности во странство, па затоа пратките за паметни телефони се зголемија за повеќе од 300 проценти во Латинска Америка, за 150 проценти во Африка и за 50 проценти во Западна Европа.

„Xiaomi сега го трансформира деловниот модел од предизвикувач во постоечки силен играч, сè уште претежно насочен кон масовниот пазар, чии просечни продажни цени се околу 40 и 75 проценти поевтини, во споредба со телефоните на Samsung и Apple. Нивниот приоритет оваа година е да ја зголемат продажбата на врвни уреди, но тоа ќе биде тешко, бидејќи и Опо и Виво имаат иста цел и се подготвени да потрошат големи суми пари на маркетинг“, вели Стентон.

Тој исто така нагласува дека сите производители се борат силно за да обезбедат снабдување со компоненти поради глобалниот недостиг од пандемијата, и дека Xiaomi веќе има нова цел – да го исфрли Samsung и да стане број еден во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП