26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку заработуваат музичките ѕвезди од еден концерт?

Колку заработуваат музичките ѕвезди од еден концерт?

madona

Просечниот Американец заработува по 70 долари на ден. Знаете ли колку заработува Мадона за една вечер? Приходите од еден нејзин концерт се 3,2 милиони долари. Се разбира, околу нејзиното шоу има многу трошоци, таа работи со голем тим од луѓе кои добиваат хонорар, но сепак 3,2 милиони долари е многу голема сума за еден единствен настан од 2-3 часа.

Погледнете колкави се приходите за еден концерт на најдобро платените ѕвезди:

10. Тејлор Свифт – 1.2 милиони долари.

Има само 23 години, но веќе има 220 милиони долари. Нејзин концерт генерира приходи од 1,2 милиони долари. Минатата година извезла 21 концерти кои и донесоа вкупно 26.3 милиони долари.

9. Џеј Зи и Кание Вест – 1.5 милиони долари.

Минатата година двајцата направиле заедно 31 концерти, од кои 15 од нив биле со распродадени билети. Тоа им донело приходи од 50 милиони долари.

8. Лејди Гага – 1.9 милиони долари.

Нејзината турнеја во минатата година вклучуваше 65 концерти и сите од нив беа распродадени. Вкупната добивка беше 124.9 милиони долари.

7. „Coldplay“ – 2,2 милиони долари.

Минатата година тие имаа 67 концерти и имаат заработено 147.2 милиони долари.

6. „Pearl Jam“ – 2,5 милиони долари.

22 години по излегувањето на нивниот прв хит тие се уште можат да наполнат стадион. Минатата година направија 11 концерти и со тоа добија 27,4 милиони долари.

5. Роџер Вотерс – 2,6 милиони долари.

Минатата година тој свирел 72 пати, а тоа му донело 186.5 милиони долари.

4. Брус Спрингстин & „The E Street Band“ – 2,8 милиони долари.

Минатата година тој и групата имале 72 концерти и притоа заработиле 200 милиони долари.

3. Мадона – 3,2 милиони долари.

Едно шоу на „Материјалната девојка“ чини 3,2 милиони долари на вечер. Минатата година таа изведе 72 концерти, а приходите од нив изнесуваа 228.4 милиони долари.

2. Барбара Стрејсенд – 3,4 милиони долари.

Колку 71-годишни жени можат да направат 3,4 милиони долари за една вечер? Минатата година Барбара излегла на сцената 12 пати, а притоа генерирала 40.7 милиони долари.

1. Кени Чесни и Тим Макгроу – 4.2 милиони долари.

Двете кантри ѕвезди заедно одработија 23 концерти во минатата година, со што собрале 96.4 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП