23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАДенес муслиманите го слават Курбан-бајрам

Денес муслиманите го слават Курбан-бајрам

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан-бајрам.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња.

Обичајот го изведуваат сите што имаат можност за тоа. Оние што принеле жртва потоа од месото раздаваат на сиромашните, соседите и на роднините.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

Денешниот ден е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП