25 април, 2025
ПочетнаКОРОНАВикендов во Врање за вакцинација имало повеќе Македонци отколку Срби

Викендов во Врање за вакцинација имало повеќе Македонци отколку Срби

Викендов над 200 Македонци се вакцинирале со прва или втора доза во Врање, Србија, што е драстично повеќе од српските државјани што дошле да примат вакцина во здравствениот дом.

Порталот „Врање њуз“ соопшти дека во изминатите два дена 39 Македонци се вакцинирале со прва, а 189 со втора доза.

„Ако бројот на вакцинирани Македонци се одземе од вкупниот број имунизирани лица вчера, може да се види дека бројот на вакцинирани граѓани од Врање е само 19 (7,7 проценти). Во саботата, од вкупно 334 вакцинирани, 299 беа македонски државјани (89,5 проценти)“, пишува „Врање њуз“.

Досега од почетокот на имунизацијата во Србија во овој град се вакцинирале 11.743 Македонци, од кои 9.012 примиле втора доза.

Најголем број граѓани се вакцинирале со кинеската вакцина на „Синофарм“ по што следуваат на „Фајзер“, вакцината „спутник“ и на „Астра зенека“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП