25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапиот казино жетон

Најскапиот казино жетон

ze1

Казино индустријата има свои милиони и милионери, но секогаш има нешто што може да се направи прв пат…

Овој пат, за прв пат, дизајнерот на дијаманти Гери Леви го креираше највредниот казино жетон. Тој е инаку Канаѓанец, реномиран експерт за дијаманти и со оваа уметност се занимава во изминативе 53 години.

ze2

Неговиот казино жетон, кој инаку се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди, содржи 64 високо квалитетни и ретки розеви дијаманти. Секој од овие ретки дијаманти е поставуван во период од пет недели – од датумот на нарачката до последното поставување на овој прекрасен 22-каратен розево златен жетон. Жетонот потоа е украсен со 17 врвни VS E-F квалитетни дијаманти.

ze3

Секој од овие драгоцени камења рачно е прегледан под дневна светлина, за да се утврди дали има некој скриен дефект или мана. Жетонот исто така содржи 136 грама розево злато, и во целост е произведен од 22-каратно злато. Жетонот може да биде изменет според желбите на клиентите, користејќи смарагди, розеви дијаманти, рубини, сафири и др.

ze4

Индексот на ексклузивност на овој жетон го подигнува фактот дека ќе биде единствен предмет некогаш направен на овој начин. Неговата цена е 366.000 долари, а американскиот Гемологиски институт ја процени неговата вредност на 450.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП