Канадскиот производител на паметни телефони „BlackBerry“ од вчера е на продажба, откако од компанијата најавија дека имаат воспоставено специјален тим во одборот на директори кој ќе преговара со потенцијалните купувачи и стратешки партнери.
Компанијата која е првиот производител на паметни телефони, загуби сериозни позиции и главниот дел од пазарниот удел. Тие пред година претставија нов оперативен систем „ВВ10“ во кој имаат големи надежи за закрепнување.
Другата опција, која исто така е доста веројатна за компанијата е таа да стане приватна или да се подели на делови. Се уште на пазарот аналитичарите со позитивни очекувања за развојот на компанијата која загуби голем дел од приходите и профитот и во последното тримесечје и забележа загуба поголема од очекувањата.
Пазарниот удел на „BlackBerry“ се намали од речиси 50 проценти во 2009-та година. На денот на објавување на веста (12-ти август) цената на култниот за компанијата нов модел „Z10“ беше намалена до 19,99 долари во САД .
Компанијата отпушти 5.000 луѓе во текот на изминатата година и регистрира загуба од 84 милиони долари во изминатата четвртина. Многу е можно компанијата да стане софтверска и да се ориентира во областа на безбедноста.
Падот на „BlackBerry“, која е пионер кај најпаметните уреди, започна во 2007-та година, кога беше претставен првиот „iPhone“. Стив Џобс успеа да ја предвиди потребата на луѓето да ги користат своите мобилни уреди не само за пораки, но се повеќе и за други цели. Стана јасно дека корисниците имаат иста потреба да уживаат со телефоните и за игри, музика и други општествени функции.
Малку подоцна се појавува и на оперативниот систем „Android“ што дополнително го става на колена канадскиот производител. Со појавата и развојот на апликациите луѓето целосно го променија начинот на користењето на мобилните уреди. Тука беше главното заостанување на компанијата зад конкурентите во однос на бројот на апликациите развиени за нејзиниот софтвер.
Најверојатно „BlackBerry“ ќе остане во учебниците по менаџмент како пример за тоа како, дури и да си лидер и пионер на еден брзо растечки пазар можеш да загубиш се поради „недалкувидност и неподготвеност да се справиш со новото”.