4 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолемата побарувачка на чипови донесе рекорден приход на „TSMC“

Големата побарувачка на чипови донесе рекорден приход на „TSMC“

Тајванската компанија Taiwan Semiconductor Manufacturing Company (TSMC) објави раст од 11% на кварталниот профит и рекордни приходи, поддржани од пандемискиот скок на глобалната побарувачка за чипови за разни уреди, како што се паметните телефони и лаптопи.

Нето добивката на „Taiwan Semiconductor Manufacturing Company“, најголемиот снабдувач на чипови во светот и главен подизведувач на „Apple“, се искачи на 134,4 милијарди тајвански долари (4,81 милијарди долари) од 120, 8 милијарди нови тајвански долари пред една година.

Износот се покажа дека е под просечната прогноза на аналитичарите за 136,5 милијарди долари, дадена од 19 аналитичари и собрана од „Refinitiv“.

Бизнисот на „TSMC“ беше поддржан од глобалниот недостиг на чипови што ги принуди производителите на автомобили да го намалат производството и ги погодија производителите на паметни телефони, лаптопи и друга електроника за време на пандемијата.

Приходите за кварталот се зголемија за 28% до рекордни 13,29 милијарди долари.

Тајванската компанија, која исто така произведува чипови за „Qualcomm“, претходно навести дека планира голема експанзија во следните три години, додека телекомуникациската технологија од петтата генерација (5G) и апликациите за вештачка интелигенција ја поддржуваат глобалната побарувачка за напредни чипови.

Цената на „TSMC“, која е на 11-то место во светот според пазарната капитализација, се зголеми за скоро 16 проценти од почетокот на годината, давајќи и на компанијата пазарна вредност од 567 милијарди долари, а тоа е двапати повеќе од „Intel“.

На последниот берзански ден вредноста на акциите на „TSMC“ го заврши тргувањето со 0,16% раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП