Луксузната „King Edison“ ламба, која ја дизајнираа „Young & Battagliamerges“, претставува фасцинантна сијалица од стакло, во комбинација со гламурот од кралските лустери.
Доволно мала за да биде елегантна, но доволно детална за да го привлече вниманието на секој кој ќе помине покрај неа. Минијатурната ламба виси на плафонот со помош на преплетен свилен кабел.
Функционална и декоративна, оваа мала ламба со хромирани детали и внатрешно рачно дувано стакло има навистина моќен визуелен ефект.
Произведена е во Англија, пречникот и е 15 сантиметри, висината 21 сантиметар, и со тоа е совршен елегантен декор и функционален додаток за вашиот дом.