23 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар претставува опасност за еврозоната

Кипар претставува опасност за еврозоната

kipar5

Директорот на Институтот за меѓународни финансии Чарлс Далара предупреди дека Кипар претставува поголема опасност за еврозоната дури и од Грција, Шпанија и Италија.

Тој ги повика Европејците да не ги потценуваат проблемите со кои се соочува островската држава, пишува весникот „Филелефтерос“.

Далара изрази загриженост поради, како што рече, влошувањето на односите меѓу Кипар и неговите европски партнери.

– Изминатите денови во Европа се повеќе се слушаат гласини, кои предупредуваат дека проблемот со Кипар може да доведе до уривање на монетарната унија, пишува „Филелефтерос“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар