Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во северните делови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=9.
Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне 37 степени.

