19 април, 2024
ПочетнаКОРОНАВо Македонија стигна најсовремената терапија за лекување пациенти со Ковид-19

Во Македонија стигна најсовремената терапија за лекување пациенти со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека денеска пристигна најсовремениот метод на терапија за пациенти болни од Ковид-19, моноклонална коктел-терапија со антитела од лековите „казиривимаб“ и „имдевимаб“, одобрена за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА).

„Министерството за здравство по многубројни преговори успеа да се приклучи кон заеднички договор за рамковна спогодба, на кој ексклузивно право имаат земјите членки на Европската Унија, за приоритетна достапност на моноклоналната коктел-терапија“, се наведува во соопштението.

Од таму велат дека рамковната спогодба со производителот Hoffman-La Roche, Ltd (Roche) – Швајцарија ја склучија 19 земји членки на ЕУ, нашата држава и Норвешка.

„Примената на методот на лекување за нашите пациенти со оваа терапија во моментот нѐ прави единствена земја на Западен Балкан за чии граѓани е достапен овој лек. Терапијата се набавува за потребите на ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и ќе се аплицира кај нехоспитализирани пациенти што се лекуваат од Ковид-19. Со ова се очекува да се намали потребата од хоспитализација на пациенти“, велат од Министерството.

„Казиривимаб“ и „имдевимаб“ (порано познат како REGN-COV2 или REGEN-COV2) е коктел од две моноклонални антитела и се дизајнирани специјално за да ја блокираат инфективноста на коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП