20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХуманитарна акција за децата од Интернатот „Гоце Делчев“ во село Љубанци

Хуманитарна акција за децата од Интернатот „Гоце Делчев“ во село Љубанци

couple hands

Преку забава и хуманост што во текот на февруари ќе ја организираат, повеќе лица од македонската естрада ќе разубават еден ден на дечињата од Интернатот „Гоце Делчев“ во село Љубанци.

Акцијата ја организира единствената национална такси компанија Ин такси. Лицата од естрадата и тв водители претпладне ќе возат такси за попладне да ги земат дечињата од Интернатот и за нив да ги потрошат заработените пари.

Директорката на Интернатот „Гоце Делчев“, Силвана Теризева денеска на средба со новинарите рече дека идејата е лицата од естрадата еден цел ден да работат, да го посветат своето време и енергија за да ги анимираат и забавуваат Скопјани, а при тоа да заработат и да ги трошат заработените пари од тој ден заедно со нашите штитеници е навистина неповторлива мисија. Таа изрази благодарност до компанијата за акцијата. Во неа ќе учествуваат Дани Димитровска, Ненад Екстра Ексклузив, Панчо ДНК, Марко Новески, Ивана Хаџиевска и други.

Оливер Никушев, генерален дирекор во Ин Такси изрази задоволство што се иницијатори и организатори на една ваква акција.

– Толку малку е потребно да се постигне тоа, секој би можел да биде дел од оваа акција, посочи Никушев.

Во моментов во Интернатот се згрижени дечиња на возраст од 6 до 16 години. Сите тие потекнуваат од дисфункционални сиромашни семејства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП