На 20 јули ќе биде објавен конкурсот за избор на реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите.
Државниот завод за статистика соопшти дека ги интензивира организациските подготовки за претстојниот попис 2021, кој ќе се спроведе од 5 до 30 септември. Со цел навремено да се изберат потребните реонски попишувачи и инструктори и да се остави доволно време за нивна обука, ДЗС го објавува конкурсот со кој ќе се бараат 5.055 реонски попишувачи и 508 реонски инструктори за 50-те пописни реони. Условите се: кандидатите да се полнолетни државјани на Република Северна Македонија, да не се вработени, да имаат завршено најмалку средно образование и да поседуваат компјутерски вештини.

