25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Moto G60S“ e во подготовка, познат дел од спецификациите

„Moto G60S“ e во подготовка, познат дел од спецификациите

„Motorola“ го претстави „Moto G60“ во април, а сега се чини дека компанијата работи напорно на малку подобрената верзија на телефонот.

Според протечените детали, наскоро се очекува „Moto G60S“, по цена од 300-320 евра во Европа. Тоа е повеќе од колку чинеше „Moto G60“, што е уште еден знак дека „G60S“ може да дојде со подобрувања во однос на стандардниот модел.

Друга потврда е информацијата во која изворот тврди дека „Moto G60S“ ќе биде испорачан со 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање. Тоа е за 2 GB RAM меморија повеќе од моделот „Moto G60“. Покрај тоа, се предлага дека „G60S“ ќе биде достапен само во сина боја, со кодно име Лисабон. Се очекува во наредниот период да бидат познати повеќе информации за телефонот „Moto G60S“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП