4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle Glass ќе чинат 300 долари?

Google Glass ќе чинат 300 долари?

google-glass

Еден од уредите околу кои се крена најмногу врева во последно време се очилата кои пребарувачот „Google“ допрва ќе ги претстави. Се очекуваше дека тие ќе бидат пуштени со „мускулестата“ цена од 1.500 долари за пар.

Според последните информации, сепак од „Google“ планираат да го продаваат уредот за 299 евра. Информациите кои ги објави „Topology Research Institute“ во Тајван кои проценуваат дека ако ги расклопите „Google Glass“ внатре нема да најдете нешто многу хај. Очилата на „Google“ се создадени врз основа на средната класа паметени телефони, од гледна точка на камерата, компонентите и моќта на процесорот. Единственото нешто што е различно е самиот дизајн.

Па од тајванскиот институт откриле дека цената по која „Google“ ќе ги произведе очилата е 26 евра. Аналитичарите очекуваат масовен прилив на слични уреди да се реализира во наредните од една до три години. Според нив првичните резерви на „Google Glass“ се очекува да достигнат ниво од околу 124 илјади парчиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП