26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАТрифoнов ќе испраќал „северномакедонски астронаут“ во НАСА, Борисов вели дека така се...

Трифoнов ќе испраќал „северномакедонски астронаут“ во НАСА, Борисов вели дека така се прави „Војна на ѕвездите“

Лидерот на бугарската политичка партија Има таков народ, Слави Трифoнов, изјави дека ќе аплицира за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција и ќе испрати маж и жена, кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА, а со нив ќе испрати и „северномакедонски астронаут“.

„Ќе поднесеме апликација за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција затоа што само Бугарија не членува таму. Ќе направам сѐ што е возможно да испратам маж и жена, кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА. Ќе направам сѐ што е возможно кон нив да се присоедини и еден северномакедонски астронаут. За да не гледаме надолу во земјата од срам, туку да почнеме да гледаме нагоре кон ѕвездите“, изјави Слави Трифoнов кој денеска најави формирање влада.

Неговиот политички противник, претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, порача дека тие не се занимавааат само со НАСА и астронаутите.

„Бугарин и северномакедонец во вселената – вака се случува во ‘Војна на ѕвездите’“, се пошегува поранешниот бугарски премиер.

Засега трката меѓу Трифoнов и Борисов по изборите е неизвесна. Според пребројаните 98,92 од гласовите, партијата на Трифунов има 23,91 отсто, а ГЕРБ на Борисов – 23,69 отсто. Тоа значи дека разликата меѓу нив е само 5.908 гласа. Според Уставот, претседателот Румен Радев треба да му го даде мандатот на победникот, а доколку тој не успее да обезбеди мнозинство, мандатот оди кај второпласираниот, па кај дел од другите партии. Трифoнов, претходно, во видеообраќање најави дека ќе формира експертска влада, без да фигурира во неа и без да коалира со ниту една партија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП