2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ се подготвува за масовно производство на „MacBook Pro“

„Apple“ се подготвува за масовно производство на „MacBook Pro“

Според последниот извештај, објавен од аналитичарот Минг-Чи Куо, новите лаптопи од 14 и 16 инчи „MacBook Pro“ се на пат кон масовно производство. Ова се очекува подоцна во текот на годината, во третиот квартал.

Куо во својот извештај посочува дека новите „MacBook Рro“ лаптопи се подготвуваат за масовно производство и ќе имаат „Mini-LED“дисплеи. Во новиот извештај се споменува и дека редизајнираниот „MacBook Air“ и новиот чип „Apple M2“ ќе пристигнат во текот на 2022-ра година.

„Apple“ се очекува да одржи посебен настан, за време на кој ќе ги објави новите „Mac“ уреди. Настанот може да се одржи во октомври или ноември и нема да се совпадне со најавата за „iPhone 13“, што ќе му даде можност на „Apple“ да произведе уште повеќе уреди.

Поради проблеми со залихите и производството на „Mini-LED“ панели, „Apple“ може да ја одложи испораката на „MacBook Рro“ лаптопите за неколку недели, со цел да се стабилизира синџирот на снабдување доколку се забележат проблеми при производството.

Новите лаптопи „MacBook Pro“ се очекува да имаат повеќе порти, вклучувајќи „HDMI“ и слот за „SD“ картичка, додека „Touch Bar“ треба да се отстрани. Лаптопите исто така ќе имаат нов дизајн со рамни рабови, а „MagSafe“ ќе се врати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП