Две состојки кои ги имате во кујната се доволни да го направите овој напиток кој го забрзува метаболизмот, го чисти црниот дроб и помага во слабеењето. Комбинацијата е малку необична и можеби досега не сте слушнале за неа, но време е да се запознаете со гроздовата вода.
Гроздовата вода е едноставно вода во која се варело суво грозје. Што ја прави така моќна? Оваа вода ги стимулира биохемиските процеси во црниот дроб кои му помагаат поефикасно да врши детоксикација на крвотокот. Најголемиот „виновник“ за тоа е самото грозје, а доколку го следите овој третман цели четири дена, ќе забележите дека варењето ви е подобрено, како и дека имате повеќе енергија.
Сувото грозје, инаку, се препорачува наутро. Благотворно делува на здравјето на срцето, го елиминира лошиот холестерол, го намалува нивото на триглицериди, ја подобрува работата на желудникот и самиот метаболизам. Ова моќно овошје е природен извор на минерали и витамини, а гроздовата вода е најдобриот начин неговиот ефект драстично да се зголеми.
Потребно е: 400 милилитри вода и 150 грама суво грозје.
Подготовка: Одберете суво грозје со потемна воја, кое не е ниту премногу тврдо ниту премногу меко. Измијте го и ставете го на страна.
Загрејте две шолји вода до вриење. Додадете го грозјето и оставете го да се вари 20 минути. Оставете го да отстои преку ноќ. Наредното утро процедете ја водата и повторно загрејте ја.
Гроздовата вода можете да ја пиете врела или млака, но важно е да ја пиете на празен стомак веднаш по будењето. Појадокот би требало да следи пола час подоцна.
Идеално е ова да да го правите неколку дена во низа – минимум четири. Веќе по два дена ќе забележите дека желудникот подобро работи и ќе имате повеќе енергија, па овој напиток особено им се препорачува на луѓе кои сакаат да ослабат. Третманот можете да го повторувате секој месец.