22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Philip Morris International“ се подготвува за пост-никотинскиот период, купувајќи фармацевтска компанија

„Philip Morris International“ се подготвува за пост-никотинскиот период, купувајќи фармацевтска компанија

Американско-швајцарскиот гигант за тутун „Philip Morris International“ се согласи да го купи британскиот производител на лекови „Vecture“ за 1,05 милијарди фунти (1,44 милијарди долари) како дел од подготовките за „пост-никотинскиот период“.

Според понудата на „Philip Morris“, акционерите на британскиот производител на 13 лекови за инхалација ќе добијат 150 пени по акција, 11 проценти повеќе од нејзината цена за време на затворањето на пазарот во петокот.

Така, американско-британскиот производител на тутун ја надмина понудата на инвестициската компанија „Carlyle Group“, која во мај им понуди на акционерите на „Vecture“ 136 пени по акција.

Менаџментот на британската компанија објави дека ја повлекува препораката до акционерите да ја прифатат понудата на „Carlyle Group“ и да ја прифатат таа на Филип Морис, одложувајќи го состанокот на акционери закажан за денеска.

„Carlyle Group“ не одговори веднаш на барањето на „Reuters“ да ги коментира информациите за купувањето на  „Vecture“.

Договорот е втора меѓународна аквизиција на „Philip Morris“ во изминатата недела, по купувањето на производителот на никотински гуми за џвакање „Fertin Pharma“ од инвестициската фирма „EQT“ за 5,1 милијарди дански круни (812 милиони американски долари).

Производителот на цигари ја претстави стратегијата за „пост-никотинскиот период“ во февруари бидејќи очекува повеќе луѓе да се откажат од пушењето во следните години поради здравствени проблеми и регулаторните мерки.

„Vectura“ треба да работи како независен оддел во срцето на бизнисот со инхалирани лекови на „Philip Morris“.

Аквизицијата на британската компанија ќе му помогне на „Philip Morris“ да го забрза спроведувањето на стратегијата „со проширување на опсегот на можности во иновативни формулации за инхалација и орална примена“, објасни извршниот директор Јацек Олчак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП