20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчини: Момците беа фантастични, секогаш е потребно да имате и малку среќа

Манчини: Момците беа фантастични, секогаш е потребно да имате и малку среќа

Селекторот на Италија, Роберто Манчини е горд на својот тим по победата на европското првенство. Италија, на пенали со 3:2, ја победи Англија. Бонучи ја врати Италија во мечот во 67.минута, кога ја поништи предноста на Англија од втората минута, а во пенал серијата херој беше Џиџи Донарума, кој ги одбрани последните два пенали.

„Момците беа фантастични. Немам зборови. Знаевме дека ќе биде тешко, рано примивме гол, се мачевме на почетокот, но потоа доминиравме. Кај пеналите потребно е да имате и малку среќа…Малку ми е жал за Англија, бидејќи и тие одиграа одличен турнир“, рекол Манчини.

По победата, Манчини, заплакал.

„Ме преплавија емоциите. Тоа се случува кога ќе остварите нешто неверојатно. Особено кога ги видов момците како славата на теренот и како слават навивачите на трибините. Ми стана јасно што успеавме да ствоирме и тоа со напорна работа во последните три години и особено во последните 50 денови“.

Италија ја освои својата втора европска титула во историјата, прва по пауза од 53 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП