19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСакате вашето здравје да биде подобро? Направете го ова веднаш откако ќе...

Сакате вашето здравје да биде подобро? Направете го ова веднаш откако ќе се разбудите

Прави чуда за организмот…

Кога ќе станете наутро, по задолжителното истегнување, испијте чаша вода со сок од половина цеден лимон.

Таа навика е само мала промена во вашата секојдневна рутина, а ќе направи чуда за вашето здравје.

Антиканцерогено дејство

Токму затоа што е богат со антиоксиданти, го намалува ризикот од канцерогени заболувања. Интересно е тоа што е кисел, а сепак во организмот создава базна средина што е многу важно за здрав организам.

Ја чисти кожата

Ако сакате да имате чист, нежен и убав тен, не се откажувајте од оваа навика. Антиоксидантите кои се наоѓаат во лимонот, помагаат во регенерацијата на клетките како и во борбата против слободните радикали, особено во летниот период.

Го чисти црниот дроб

Го прочистува речиси најважниот орган во човековото тело, го стимулира дигестивниот тракт и ја подобрува работата на цревната флора.

Енергија

Верувајте оваа навика ќе ве разбуди побрзо од кафето, а секако е поздрава варијанта. Доколку сепак не можете да се откажете од кафето, испијте го еден час по ова енергетско будење.

Метаболизам

Познато е дека лимонот е природен диуретик и дека помага во исфрлувањето на вишокот течности од организмот. Веќе напоменавме дека ја поттикнува работата на цревата и токму поради тоа е иделано со него да го започнете денот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП