19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА31 здруженија на граѓани и високообразовни институции бараат јавна расправа во Собранието...

31 здруженија на граѓани и високообразовни институции бараат јавна расправа во Собранието за законите за отпад

Граѓански организации и високообразовни институции бараат да се одложи второто читање на Законот за управување со отпад и Законот за управување со пакување и отпад од пакување, закажано за утре, 9.7.2021 во Комисијата за европски прашања и претходно да се организира јавна расправа. Јавната расправа да биде закажана по завршување на периодот на летните одмори, со цел присуство на сите релевантни чинители.

Нивните главни аргументи се следни:

1. Законите се од широк интерес и директно и длабоко нè засегаат сите, зошто прашањето на отпад го живееме секојдневно преку нерешените диви и нерегуларни депонии, прекумерниот отпад кој завршува на нив, пластиката, гумите, опасниот отпад, неговото горење, загадувањето кое го врши врз почвата, водите и воздухот, негативниот ефект врз нас и целиот жив свет.

За вакви закони Собранието е должно да спроведе јавна расправа и ги земе предвид изнесените мислења и предлози.

2. Реакциите во јавноста се силни за одредбата во предложениот Закон за управување со отпад со која повторно ќе се дозволи увоз на отпад како енергенс, откако после силен јавен притисок се забрани ваквиот увоз во сегашниот закон само минатата година. Овие реакции и барања пратениците да се произнесат по оваа одредба не наидоа на слух кај избраните претставници на граѓаните во Собранието, припадници на партиите од владејачкото мнозинство.

3. Со новиот Закон за управување со отпад, опасниот отпад ќе се редефинира и можно е она што денес е забрането да се увезува, согорува и сл., да се дозволи. Се редефинираат и условите за депониите за опасен отпад, кој може да ги основа и управува со нив. Ова е горливо прашање за граѓаните, со оглед на големиот број на негативни искуства во овие области.

4. Потребно е дефинирање на што подобра контрола на управувањето со отпадот и негова имплементација на терен, нешта кои хронично ни затајуваат, а кои не смееме да ги дозволиме кога отпадот е во прашање.

5. Пластиката за еднократна употреба е огромен проблем. ЕУ во 2019 год. донесе Директива со која воведе забрана на 10 типа на пластични производи за еднократна употреба. Новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување не го рефлектира ова.

31 невладини организации, здруженија на граѓани и високообразовни институции од кои голем број се дел од граѓанската Алијанса за застапување и лобирање „Разбистри сè“ испратија допис до претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми, претседателот на Собранието Талат Џафери, пратениците во Собранието, претседателот на Влада Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, да се одложи второто читање на законите. Тие бараат да се организира собраниска јавна расправа каде експертската јавност и граѓанските здруженија можат да ги изнесат мислењата и предлозите за менување и подобрување на законите.

Потписници на барањето се:

1. О2 Иницијатива

2. Институтот за комуникациски студии (ИКС)

3. Фронт 21/42

4. Арт поинт – Гумно

5. Еко Долина – Ново Село

6. Здрава Котлина – Струмица

7. Го Сакам Водно

8. Центар за развој и унапредување на јавниот живот – Тетово (ЦРУЈЖ)

9. Национален Ромски Центар – Куманово

10. Ромско Јато – Битола

11. Охрид SOS

12. Центар за економски анализи (ЦЕА)

13. Здружение на бизнис жени

14. Регионално географско друштво ГЕОСФЕРА – Битола

15. Ековита – Неготино

16. Вила Зора – Велес

17. Движење на екологистите на Македонија – ДЕМ

18. Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н

19. Рурална коалиција – Куманово

20. Еко-логик

21. Центар за Управување со Знаење

22. Гоу грин

23. Спас за нас – Гевгелија

24. Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП)

25. ЧЕИЈНЏМЕЈКЕРС – Гевгелија

26. Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ – Крива Паланка

27. Зелен институт

28. Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“

29. Македонско здружение на млади правници

30. Water4changes-Вода за промени, Global Shapers Skopje Hub

31. Еко Герила – Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП