19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАСончево време со високи температури, за од петок се најавуваат врнежи

Сончево време со високи температури, за од петок се најавуваат врнежи

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од УХМР.

Од таму нагласуваат дека минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во четврток времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП