Според податоците на Државниот завод за статистика, лани во градските подрачја живородени се 11.258 деца или 59.2 проценти од вкупниот број на живородените деца, додека 7.773 или 40.8 проценти деца се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број раѓања по региони има Скопскиот со 38.8 отсто, а најмало Источниот Регион со 6.1 процент.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29.8 години, а 28.4 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28.1 година, а во селските подрачја 25.9 години. При првото раѓање, мајката од селските подрачја е помлада за 2.2 години.

