Советот на општина Охрид донесе одлука во текот на оваа туристичка сезона, туристите од Србија и Турција кои летуваат во тој град, да бидат ослободени да плаќаат за паркирање, пренесува МИА.
Ова веќе го објави градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, при неговата неодамнешна посета на Белград, во знак на благодарност до Србија за донациите на вакцини против коронавирус во Северна Македонија.

