26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes-Benz“ го претстави својот прв голем електричен камион (ФОТО/ВИДЕО)

„Mercedes-Benz“ го претстави својот прв голем електричен камион (ФОТО/ВИДЕО)

Германскиот производител „Mercedes-Benz“ го претстави својот прв електричен камион за транспорт на големи товари на кратки растојанија во Европа. Тој е наречен „eActros“, а со тоа компанијата се обидува да ја електрифицира својата европска логистичка индустрија со машини од оваа класа.

Камионот се напојува од два електромотори со течно ладење, прицврстени на задната оска. Заедно произведуваат 442,5 ks континуирана моќност, со можност за привремено зголемување на 536 ks. Oд „Mercedes“ појаснуваат дека поставувањето на моторите на задната оска, наместо во центарот, остава повеќе простор за батериите.

Електричниот камион може да помине 400 километри, а полнењето е брзо, без оглед на големите батерии. Тие можат да се полнат од 20 до 80% за само еден час. Ова го прави камионот многу погоден за употреба во градовите каде што тивки мотори се исто така голема предност.

„Mercedes-Benz eActros“ е опремен со систем кој им помага на неговите сопственици да ја испланираат својата рута според инфраструктурата за полнење, така што ќе ги чини што е можно помалку пари. Напредниот инфо-забавен систем ги информира возачите за преостанатата потрошувачка на енергија.

За да се зголеми безбедноста, достапна е технологија за сопирање во итни случаи, која помага да се избегнат судири. Најновата технологија „Mercedes“ со задната оска и системите за инфо-забава се стандардни.

Лансирањето на „eActros“ е првиот чекор во планот на „Mercedes“ за трансформација на целата флота во Европа во електрични возила до 2039-та година. Производството на камионот ќе започне на есен, а неговите цени ќе бидат подоцна откриени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП