23 април, 2025
ПочетнаКОРОНАВо Македонија вакцинирани над 500.000 граѓани, две дози примиле над 200.000

Во Македонија вакцинирани над 500.000 граѓани, две дози примиле над 200.000

Во државата вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини против коронавирус, а ревакцинирани се 219.061 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 310.384 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.940 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.628 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини, а ревакцинирани се 219.061 граѓани“, велат од МЗ.

Со последните бројки, 52 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 42 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.  

Од Министерството велат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 466.451 граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП