понеделник, 8 август 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАВо Скопје втора „Парада на Гордоста“ под слоганот „Вон ѕидовите“

Во Скопје втора „Парада на Гордоста“ под слоганот „Вон ѕидовите“

Знамето со боите на виножитото се вееше низ центарот на Скопје, на втората по ред „Парада на гордоста“, организирана од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Стотина учесници парадираа од Жена парк до Градскиот парк во Скопје.

На настанот учество земаа бројни познати лица, меѓу кои естрадни уметници, политичари. Меѓу останатите, присутни беа претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга Елизабета Пендаровска.

Низ скопските улици се носеа и транспарентни на кои беше испишано: „Родители вклучете се, љубов е“, „Љубов вон ѕидовите“, „Иднината е квир“. Учесниците на парадата се забавуваа и пееја додека пешачеа до Градскиот парк. Слоганот на овогодишната скопска парада на гордоста е „Вон ѕидовите!“.

„Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество“, соопштија организаторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП