Во пресрет на високите температури, стартуваше новата летна сезона во Аква Паркот во склоп на СЦ „Борис Трајковски.
По пауза од една сезона поради пандемијата, Аква паркот повторно нуди интересни содржини за сите возрасти-десет атрактивни тобогани, базенот со бранови, бумерангот, детскиот базен, како и детско катче за забава во песок.

