3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузното одморалиште SHA

Луксузното одморалиште SHA

sha1

Одморалиштето „SHA“ се наоѓа во живописниот шпански град Аликанте и се состои од 5 одвоени и уникатни архитектонски градби, кои се меѓусебно споени со прекрасен мост.

При градењето на овој луксузен објект се користени исклучиво префинети материјали, а при декорацијата користени се само дизајнерски детали.

Во петте згради се наоѓаат 93 најлуксузно опремени апартмани, чија големина варира од 80 до 230 метри квадрати, каскадно пространи базени, простории за луксузни третмани за убавина и многу зони за опуштање.

Тука можете да уживате во прекрасните базени, да го посетите спа центарот и да пробате некоја прекрасна масажа, да се опуштите со некој коктел или да ги вкусите локалните специјалитети.

Атмосферата во овој спа центар е неверојатно спокојна, нуди мир и релаксација во средоземните тропски градини, на кој никој до сега не останал рамнодушен.

Погледнете за какво уживање станува збор…

sha2

sha3

sha4

sha5

sha6

sha7

sha8

sha9

sha10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП