Без разлика на тоа дали сте претерале во теретана или закрепнувате од сезонска настинка, потребен ви е ефективен „подигнувач“ на енергијата. За уморните мускули и воспалението на телото ќе се погрижи природниот антибиотик – ѓумбирот, кој најдобро е да го измешате во вкусен пијалок.
Ѓумбирот е моќен азиски зачин кој го збогатува вкусот и аромата на повеќе јадења. Но, истовремено тој е преполн со хранливи материи – го нарекуваат дури и природен антибиотик – кои го забрзуваат закрепнувањето од настинка и грип, но и ве ослободуваат од болката во мускулите предизвикана од вежбање и трчање.


