20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАДенеска и утре прскање против комарци во Скопје

Денеска и утре прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје информира дека денеска и утре во раните утрински часови се одвиваше авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Од утре до петок во период од 22 до 03 часот наредниот ден, ќе се одвива и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот, против возрасни форми на комарци.

Како што соопштија од Градот, доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Од Градот ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП