23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВо Африка пронајден третиот по големина дијамант во светот(ФОТО)

Во Африка пронајден третиот по големина дијамант во светот(ФОТО)

Третиот најголем дијамант во светот неодамна беше пронајден во Боцвана, објави компанијата Дебсвана.

Откритието се случило на 1 јуни, а дијамантот прв го видел претседателот на Боцвана.

„Ова се смета за трето најголемо откритие на скапоцен камен во светот“, рече директорот на компанијата Дебсване, Линет Амстронг.

„Редок и извонреден камен, ова е од големо значење за Боцвана. Тоа носи надеж на нацијата која минува низ тешки времиња“, додаде таа.

Најголемиот дијамант во светот, Кулинан од 3106 карати, е пронајден во Јужна Африка во 1905 година. Втор по големина е Леседи Ла Рона од 1109 карати, откриен на северо-исток од Боцвана во 2015 година.

Да потсетиме, Боцвана е водечки африкански производител на дијаманти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП