Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини „Астразенека“ од Грција.
„Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини ‘Астразенека’. Оваа поддршка од грчката Влада, амбасадорот на Република Грција, Русос Кундурос и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето нѐ поздрави и премиерот Зоран Заев, кој во тој момент се врати од Брисел“, наведува Филипче во објавата.

