12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПроменливо облачно со сончеви периоди и температури до 26 степени

Променливо облачно со сончеви периоди и температури до 26 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ=6

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.

До утре наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе биде променливо облачно и особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер. Од четврток температурите ќе бидат значително повисоки и ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП