26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАПроменливо облачно време со локален дожд

Променливо облачно време со локален дожд

Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб, вдолж Повардарието умерен северен ветер. Потоа ќе преовладува значително потопло време со дневни температури кои на места ќе бидат над 30 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП