20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNovartis: Профитот надмина две милијарди долари

Novartis: Профитот надмина две милијарди долари

novartis1

Швајцарскиот производител на лекови „Novartis“, соопшти дека во четвртиот квартал остварил нето профит од 2,08 милијарди долари, што претставува зголемување од 72 проценти во споредба со последните три месеци од 2011 година.

Големата разлика во добивката е резултат на минатогодишните инвестиции во клиничката студија за употреба на лекови за хипертензија „tekturna“.

Деловните резултати на „Novartis“ се малку подобри од очекувањата на аналитичарите, а вредноста на акциите на оваа компанија на берзата во Цирих утрово се зголеми за 2,9 проценти по објавувањето на извештајот.

Директорот на „Novartis“ Јозеф Хименес, изјави дека компанијата се подготвува за нова серија на производи, вклучувајќи ја и новата вакцина против менингитис кај бебињата.

Тој предвиде дека продажбата на нивните лекови ќе биде во пораст по 2013 година.

На годишно ниво „Novartis“ оствари зголемување на профитот за четири проценти, на 9,62 милијарди долари, од 9,25 милијарди долари во 2011 година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП