6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМожна соработка меѓу Dell и BlackBerry

Можна соработка меѓу Dell и BlackBerry

delll

Додека „Dell“ се бори околу сопственичката структура и можното превземање од страна на Мајкл Дел и „Silver Lake Partnerѕ“, по кулоарите се говори дека токму „Silver Lake“ го сториле првиот чекор и оддржале официјален состанок со претставниците на „BlackBerry“ за можна соработка во иднина. Очигледно и управата на канадската компанија во ова гледа можен излез од своите финансиски проблеми со помош на надворешен инвеститор или партнерство со „Dell“.

Соработката меѓу двете компании би можела да ги реши сите нивни проблеми. „Dell“ би имале пристап на пазарот на паметни телефони и таблети каде се уште немаат учество, додека „BlackBerry“ би можел да ја прошири својата база на корисници и да ја подобри финансиската ситуација.

Се смета дека ваков конзорциум исто така би можел да им понуди квалитетни решенија на компаниите кои би сакале да имаат ист снабдувач за своите компјутери и мобилни телефони. Засега ниту од двете компании несакаа официјално, ниту да ги потврдат, ниту да ги негираат ваквите информации за можната соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП